На булеварот „Кузман Јосифоски- Питу“ во Скопје, синоќа од возило во сопственост на МВР е прегазено 18- годишно момче, информира МВР.
-Во Скопје на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ вчера во 13,30 часот А.Б. (37) управувајќи патничко моторно возило „Шкода Октавија“, сопственост на МВР, удрил во пешак М.М. (18) од Скопје. М.М. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“-Скопје, соопшти МВР во денешниот дневен билтен.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.