ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје едногласно пристапија кон одлука да се испрати помош за гаснење на пожарот кој денес го зафати Кочани.
– Во моментот кон Кочани тргнуваат 6 цистерни на ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје, со цел да се помогне во гаснење на пожарот кој попладнево го зафати Кочани. Со заедничка едногласна одлука ја испраќаме оваа помош кон Кочани и кочанчани, со надеж за побрзо стопирање на огнената стихија. Солидарноста на нашиот град и нашите претпријатија секогаш ќе биде на располагање онаму каде што таа е потребна – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје