Полицијата поднесе кривична пријава против сопственик на угостителски објект во село Здуње, Гостиварско, во кој се одржувала прослава на која имало 80 гости.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Б.Џ. (59) од Гостивар за сторено кривично дело непостапување според здраствените прописи за време на епидемија.
На 21 ноември минатата година во угостителскиот објект на Б.Џ. се одржувала прослава и биле затекнати околу осумдесетина гости.