Синоќа, околу еден часот по полноќ, на крстосницата од прилепските улици Тризла, 11 Октомври и Миноски Горан се случила сообраќајна незгода, во која тешко повредена е малолетничка од овој град.
Како што информираат од МВР, судирот се случил меѓу мопед „хамачи“, управуван од малолетник и автомобил „мерцедес“, управуван исто така од малолетник, двајцата од Прилеп.
Во незгодата со тешки повреди се здобила малолетната сопатничка на мопедот, а со повреди се здобил и возачот на мопедот, кои им биле констатирани во општата прилепска болница.
На местото на незгодата бил извршен увид од екипа од прилепската полициска станица.