Млад битолчанец е приведен поради напад врз девојка на која ѝ ги одзел чантата и телефонот.
– Вчера полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.И.(25) од Битола, затоа што во угостителски објект на Градското шеталиште во Битола физички ја нападнал С.Г.(20) од Битола и ѝ одзел телефон и чанта – велат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.