Во попладневните часови на 10 април во МВР биле пријавени два смртни случаи во Гостивар и Демир Капија.
Околу 13.40 часот во текот на вчерашниот ден во полициска станица во Неготино родител пријавил дека починат го пронашол својот 33-годишен син, во семејната куќа на улица „Радњанска“ во Демир Капија.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од неготинската полиција и лекар од здравствена установа, каде првично бил пријавен случајот.
Во вториот случај во Гостивар, во 13.55 часот во полициската станица, гостиварец пријавил дека во куќа на улицата „ЈНА“ го пронашол починат неговиот 68-годишен татко, кој според пријавеното, имал претходни здравствени проблеми.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без траги на насилство, а увид на местото на настанот извршила полициска екипа.
По наредба на јавни обвинители телата на двајцата починати се предадени на обдукција.