Велосипедист загина откако во него удрил автомобил, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на каменоломите.
– Патничко возило кое го напуштило местото на незгодата удрило во велосипед управуван од О.А.(66) од с.Врапчиште, гостиварско. На местото на незгодата починал велосипедистот. Смрт констатирал лекар, а Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на незгодата – соопшти МВР.