Апелацискиот суд ја одби жалбата на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, како неоснована, и тој останува во притвор.
– Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КСЖ-26/20, познат во јавноста под името „Рекет“ по одржана јавна седница, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот Б.Ј. од Скопје изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е продолжена мерката притвор, против обвинетиот го потврди – се вели во соопштението на судот.
Оттука информираат дека донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски, претходно посочи дека Јоавновски се наоѓа во притвор шест месеци, а однесен бил на преглед 60 пати. Тој на едно од рочиштата кажа абдоменален хирург предлага Јовановски да прави операција, а земен му е и материјал за да се провери дали има карцином.