Во кумановската полиција, вчера во попладневните часови било пријавено дека на улицата „11 Октомври“, градежни работници пронашле рачна бомба од Втората светска војна.
Како што информираат од МВР, бомбата била пронајдена при вршење на ископ, од страна на приватна фирма.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Куманово ја подигнал експлозивната направа за понатамошна постапка.