Легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур (69) загина синоќа во сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода.
Легендарниот кошаркар изгубил контрола врз возилото, веројатно поради влажниот коловоз, и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот.
Полицијата го истражува случајот.
Благоја Георгиевски – Буштур е роден на 15 октомври 1950 година во Скопје. Најголемите успеси во кариерата ги остварил со Работнички и репрезентацијата на Југославија.
Со Работнички има играно полу-финале во Купот на победниците на куповите во сезоната 1975/76. Со репрезентацијата на Југославија има сребрени медали од ЕП во 1971 и ОИ во 1976.