Безживотно машко тело било пронајдено вчера во близина на тоалетите кај езерото Треска.
Според информациите на МВР, вчера во полиција било пријавено дека во СРЦ Езеро Треска, во близина на напуштени тоалет кабини, малолетни лица пронашле безживотно машко тело.
По утврдување на идентитетот било констатирано дека станува збор за Ф.Ј.(46) од село Никиштани.