Денес во претпладневните часови во нива во близина на гробиштата и црквата во Демир Хисар , пронајдена е артилериска граната остаток од Првата светска војна. Гранатата е уредно подигната од самото место од страна на пиротехничар на ДЗС и истата е складирана на сигурно, се до нејзиното уништување со контролирана експлозија.
– Денес во нива во непосредна близина на градските гробишта и црквата во Демир Хисар, пронајдена е артилериска граната со калибар 75 милиметри, по потекло од Првата светска војна. Откако навремено бевме информирани, пристигнавме на самото место , гранатата ја подигнавме и ја складиравме на сигурно. Истата ќе биде уништена со контролирана екплозија со останатите убојни средства кои ќе бидат собрани во наредните месеци – информира Драге Попоски, пиротехничар на ДЗС ПО Кичево, одговорен за отстранување на овие убојни средства во поширокиот регион. З.А.