Двајца припадници на специјалната единица „Алфи“, претпладнево спасиле маж од водите на Вардар во Скопје.
Мажот бил забележан во водата во близина на Камениот мост, околу 10 часот, по што била известена полицијата. Водите го повлекле во близина на зградата на Министерството за надворешни работи.
Според информациите од терен, мажот давал отпор и не сакал да излезе од водата, додека припадниците на „Алфите“ се обидувале да му помогнат. Тој, сепак, бил изваден од реката, без да биде повреден.