Државјанин на Албанија утрово бил фатен со комбе полно со мигранти на автопатот А1, делница Градско – наплатна станица „Отовица”, пред место викано Дервенски мост.
Утрово околу 10:30 часот полициски службеници од СВР Велес запреле комбе, управувано од А.Б.(37) од Република Албанија, кој прво се обидел да избега, но веднаш бил фатен и приведен, а по преглед во возилото биле пронајдени 21 лице – мигранти од Пакистан и Индија.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.