Вчера во комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил донесен тешко повреден велосипедист кој бил удрен со автомобил во населбата Илинден.
-На 09.12.2018 година во 09.50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од комплекс клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено лицето К.К.(61). Според пријавеното, на 06.12.2018 година околу 13 часот во населба Илинден, возило удрило во велосипед управуван од К.К. по што возилото и возачот го напуштиле местото на настанот-информираат од МВР.
Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.