На патот Могила-Будаково пред с.Радобор автомобилот „Форд галакси“, управувано од С.Џ.(44) од с.Канатларци–прилепско излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле: возачот С.Џ. и сопатниците Е.Џ. (29) од с.Канатларци, М.З.(21) од Р.Турција, М.С.(20) во Р.Турција и А.Д.(22) од Р.Турција. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.