Фото: Пиксабеј

Жена од Скопје (72) пријавила во полиција дека била измамена од едно лице за сума од 9.700 евра. Како што информира МВР, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка и нејзиниот зет предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете, како и доколку не сака да лежат во затвор, требало да плати.

Според пријавата, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.