Фото: МВР / Илустрација

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во соработка со САЕ „Тигар“, вчера спроведоа оперативно-тактичка мерка „заседа“ долж автопатот „Пријателство“ кај Градско, со цел спречување на недозволена трговија со дрога. Во акцијата беше пресечен транспорт на марихуана и запленета поголема количина на наркотична материја.

Две лица се лишени од слобода и спроведени во Полициска станица Велес.

 – Полициските службеници на наплатната рампа Стоби забележале сомнително движење на патничко возило „Сеат Алтеа“ со скопски регистарски ознаки. Возачот не застанал на дадениот знак и со голема брзина продолжил кон Градско, но полицијата брзо го стигнала и го легитимирала – се наведува во соопштението од МВР.

При прегледот на возилото управувано од Ф.Н., пронајдени се четири црни торби со вкупно 65 кеси растителна материја, со вкупна тежина од 65 килограми, како и два телефонски апарати.

 – Основното Јавно Обвинителство Велес денеска ќе поднесе кривична пријава против Ф.Н. (38) од Скопје и Ј.М. (55) од Кавадарци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 1 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението.

Запленетата растителна материја ќе биде предадена на Одделот за Форензички испитувања при МВР, врз основа на наредба од јавен обвинител.

https://www.youtube.com/shorts/AgxIXSBE3nU