Фото: МВР / Илустрација

Четириесет и шестгодишник  А.Т. од Поградец, Република Албанија, утрово во 7:05 часот бил лишен од слобода на магистралниот пат Струга – Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово.

Го привеле полициски службеници од Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, откако при претрес на возилото што го управувал, „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, откриле три торби со 62 пакувања со марихуана.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е известен јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.

– По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – соопшти МВР.