Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР.
Во соопштението се наведува дека акцијата се одвивала по наредба на јавен обвинител, а вчера во 18:30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица биле лишени од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
-При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми – стои во полициското соопштение.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава и осомничените ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица.