Фото: Пожарна Мак.Каменица/Фејсбук

Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица денес интервенираше на запален товарен камион во селото Косевица.

На местото на настанот по дојавата интервенирале две противпожарни возила со тројца пожарникари.

-По дојавата, пожарот навреме е  локализиран и изгаснат, а со тоа спречено е и понатамошно проширување на пожарот – истакнаа од Територијалната противпожарна единица.

Во пожарот нема повредени лица, а  причините дополнително ќе се утврдуваат.