Фото: Пиксабеј

Дваесет и двегодишна девојка го загуби животот откако синоќа во неа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје удрил автомобил „пежо“ управуван од 20-годишно лице. По несреќата извршен е увид, возачот е задржан, а се издаваат наредби за обезбедување снимки од видео надзор на локацијата.

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот – информираат од Републичкото јавно обвинителство.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван еден 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на несреќата.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина.

Исто така, јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.