Фото: Александар Вучиќ/инстаграм профил

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство до  претседателката Гордана Силјановска-Давкова за трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

– На претседателката Гордана Силјановска-Давкова и изразив искрено сочувство по повод страшната трагедија во Северна Македонија, која длабоко ги погоди не само луѓето во таа земја, туку и сите нас во Србија кои сочувствуваме со семејствата на жртвите и со целиот народ на оваа братска земја. Понудив, во име на Србија, а претседателката на Северна Македонија прифати, да испратиме хеликоптери и други медицински транспортни средства, медицински тимови, како и да примиме во болниците во Србија голем број од повредените во трагедијата во Кочани – напиша Вучиќ на Инстаграм.

На крајот од објавата на Инстаграм српскиот претседател наведе дека „ Ја информирав претседателката дека Србија ќе го прогласи 18 март за Ден на жалост за трагедијата и изразив уверување дека народот на братска Северна Македонија, со силата и солидарноста што секогаш ја покажувал, ќе успее да ја надмине оваа голема трагедија и да најде начин да закрепне“.