Вооружен грабеж се случил попладнево во скопската населба Тафталиџе 2, кога две лица со употреба на оружје зеле пари од менувачница која се наоѓа веднаш зад студентскиот дом „Гоце Делчев“. Според информациите тие влегле во менувачницата вооружени и откако на вработената ѝ се заканиле дека ќе пукаат во неа ја натерале да им ги даде парите.
– Околу 13.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во менувачница на подрачје на општина Карпош две лица со закана со оружје од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.
Се уште нема точни информации колкава сума на пари одзеле крадците. Веднаш на терен излегла полицијата и се превземаат мерки за расчистување на случајот. Жената која работела во менувачницата не е повредена.