Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 10:30 часот, на улицата „8 Септември“ во Велес, пред Народниот музеј настанал пожар на патничко возило „форд“ во велешки регистарски ознаки во движење, управувано од 52-годишниот С.Р. од Велес, при што било оштетено и паркирано возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 34-годишниот А.Б. од Велес.
Како што информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.




































