Во МВР попладнево, во 16.55 часот, било пријавено дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички.

Како што велат за МИА од МВР, според првичните информации, едно лице, кое се превезувало на мотоциклот, починало, а другото, кое исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентниот центар Скопје.

Автопатот Велес – Скопје, кај тунелот, е целосно затворен за сообраќај. Возилата се пренасочуваат од клучката Велес кон Свети Николе, кон автопатот Штип – Скопје.