Фото: Пиксабеј

Полицијата вчера го лишила од слобода К.Ѓ.(21) од радовишкото село Дамјан. При претреси во неговиот дом во село Дамјан и во стан во кој престојувал во Радовиш, извршени со судска наредба, биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, дигитална вага, ловечка пушка „Црвена застава“ калибар 12 мм и 6 патрони за ловечка пушка.

Како што информира денеска МВР, вчера од слобода бил лишен и М.А.(21) од Радовиш поради постоење на сомнение дека заедно со К.Ѓ. се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.