Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во селото Долна Чарлија, Општина Могила, била пронајдена рачна бомба од Првата светска војна.
Пронаоѓањето е пријавено вчера попладне во Полициското одделение во Новаци по што бомбата е безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
Увид извршила екипа од Полициското одделение Новаци.