Полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово вчера во 21:00 часот го лишиле од слобода И. С (32) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница за издржување казна затвор од 6 години за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.
Лицето, како што информираат од МВР, е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.