Во Клиничката болница во Штип во моментот се хоспитализирани 38 пациенти и сите се хемодинамски стабилни со изгореници по лицето и рацете од втор степен, изјави директорот на установата Владко Захариев.
Пациентите со трет степен изгореници од пожарот кој ноќеска настана во дискотека во Кочани, според Захариев, се препратени на клиниките во Скопје за натамошен третман.
– Инцијална тријажа од три часот до пет часот утрово што беше во Клиничката болница Штип е направена на над 80 пациенти. Сите беа згрижени со венска линија и терапија беа упатени на терцијално здравство- додаде Захариев.