Кавадарчанец бил лишен од слобода, а неговото возило му било одземено, затоа што немал положен возачки испит за управување на возило од Б категорија.
– Синоќа во 19 часот, на улица „Методија Џунов Џикот“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода С.Ф., на возраст од 43 години. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија – соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, како што додадоа од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик.


































