Фото: Пиксабеј

Две лица се приведени под сомнение за кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“ – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

– Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание – велат од МВР.

Како што потенцираат, се постапува за целосно расчистување за настанот.

Дел од медиумите објавија дека е приведен директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи кој заедно со уште едно лице барале поткуп од 20.000 евра.