Вкупно 1.077 издадени платни налози се издадени во текот на празничниот викенд за сообраќајни прекршоци во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, соопшти МВР.
Од вкупно 1.077 издадени платни налози, 163 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 48 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 156 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се наведува во соопштението, најмногу прекршоци во текот на викендот 314 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 82 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 57 лица кои некористеле сигурносен појас, 24 заради користење мобилен телефон при возење, а четворица минале на црвено светло.
Исто така, а согласно Законот за возила, 44 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – нагласува МВР.