Фото: „Нова Македонија“

На територијата на Македонија вчера имаше 24 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола е 1 и изгаснати се 21, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активен е пожарот во Општина Ресен, на планината Галичица, с.Стење – с.Лескоец, м.в.Тесан Камен (лисната постелка во букова шума и сува трева), како и во Општина Чашка, планина Мукос (шума).