Фото: МНТ

Уставниот суд изрази длабоко жалење по повод трагедијата што се случи во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

– Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти судиите изразуваат најдлабоко сочуство до семејствата на настраданите. Ненадоместлива е загубата, ја споделуваме болката и нашите мисли се со родителите роднините и пријателите на трагично настраданите. На повредените им посакуваме побрзо закрепнување – се вели во објавата од Уставниот суд.