Илустрација / Фото: Маја Јаневска - Илиева

Петнасетгодишна девојка со скршеница на два слабински пршлена е на болничко лекување во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје поради повреди предизвикани од новиот предизвик „Супермен“ на социјалната мрежа „Тик-ток“, потврди за МИА в. д. директорот на болницата д-р Небојша Настов.

Викендот со повреди на зглобовите на рацете бил примен и ученик кој го прифатил овој предизвик. Директорот Настов вели дека овој предизвик може да остави и доживотни последици и зависи од ударот при падот.

– Викендов се претежно овие два нови случаја, иако имавме затишје во текот на претходната недела. Во едниот случај е повредено 13-годишно девојче со скршеници на двете подлактици. Во другиот случај има потешка повреда, 15-годишна пациентка е хоспитализирана со скршеница на два слабински пршлена. Хоспитализирана е само за опсервација, а понaтaму ќе продoлжи со конзервативен третман – изјави за МИА Настов.

Изминатиот период докторите и училиштата апелираа овој предизвик да не се практикува. Предизвикот е како група на ученици го отфрлаат од нивните раце ученикот кој по скокот треба да падне на нозе. Најчесто децата завршуваат со повреди на рацете, нозете и главата.

МИА на почетокот на месецот објави дека 11 деца се повредени и примени во оваа болница по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик-ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете. Децата се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје.