Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Универзитетскиот клинички центар на Република Српска се става на располагање да помогне во лекувањето на пациентите повредени од пожарот во дискотека во Кочани.

УКЦ на Република Српска соопшти дека во оваа прилика преку Амбасадата на БиХ во  Македонија понудиле да организираат транспорт со хеликоптери на Република Српска со неопходна медицинска придружба за двајца пациенти со тешки изгореници кои ќе се лекуваат таму.

Тие го изразија своето сочувство за болката на народот во Македонија поради страшната трагедија што ги потресе како луѓе и медицински работници.