Украдени се 54 сообраќајни знаци од патиштата во Македонија, во периодот од октомври минатата година до овој месец, соопшти МВР.
Од магистралниот пат А3 Прилеп – Тополчани биле одземени 17 сообраќајни знаци, од регионален пат Прилеп – Македонски Брод 26 сообраќајни знаци и од регионалниот пат Прилеп – Крушево биле украдени 11 знаци.
Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.