Пожарот во производствениот погон на фирмата „Аронија“ со брендот BioCosmos е предизвикан како резултат на удар од гром. Нема повредени работници бидејќи во производството на здрава храна не се работи во смени. Громот удрил и покрај громобран и громобранска инсталација на објектот, а пламенот го зафатил скоро целиот дел од фирмата „Аронија“ која е дел од комплексот на велешката фирма ДПТУ „Мирана“, информира Марио Мирсинов еден од сопствениците и главен менаџер на фабриката „Аронија“ .
Тој појасни дека се изгорени производствениот погон, дел од машините, магацинот за суровини, магацинот за готови производи, како и канцелариските и помошните простории. Мирсинов информира дека привремено фабриката „Аронија“ нема да работи и првично не можеда соопшти коку е направената штета. При тоа, нагласи дека фабриката „Мирана“ за прозиводство на прехранбени производи, која е во истиот комплекс и која за среќа во несреќа не беше зафатена со пожарот, ќе продолжи со производството.
Според Марио Мирсинов, громот во фабриката „Аронија“ удрил покрај громобранот и громобранската инсталација, а како што го информирале работниците кои биле на работа во соседниот дел на комплексот во производствениот погон на „Мирана“, громот удрил околу 19:30 часот. Тие дека нешто дими во соседниот дел од комплексот и покрај обиколките виделе дури два и пол часа подоцна и веднаш пријавиле кај сопственикот Мирсинов. Тој веднаш пријавил во ТППЕ Велес, нивна екипа веднаш дошла и се вклучила во негово гаснење.
Инаку според информацијата за МИА од ТППЕ Велес, станува збир за објект од 1553 квадратниметри кој бил зафатен со пожарот, а со нивна брза и умешна интервенција спасиле многу и не дозволиле целосно да изгори, воедно спречиле да се прошири и на Фабриката „Мирана“ која е во истиот комплекс на објекти.
Како што појаснија од ТППЕ Велес, тие во 22:07 часот добиле дојава за дим во фабриката „Аронија“ од сопственикот на ДПТУ „Мирана“ во чиј состав е и фабриката „Аронија“ BIO Cosmos или попозната како фабрика за здрава храна.
-Фабриката е во близина на ТППЕ Велес и на местото на пожарот стигнавме во најбрз рок за неколку две-три минути. Кога ја отворивме вратата на огромната хала на Фабриката, пожарот беше во развиена фаза, но со наша брза и умешна интервенција сепак успеавме да спасиме многу од фабриката „Аронија“ да не изгори целосно, потенцираат од ТППЕ Велес.
Воедно, додаваат, со наша брза и умешна интервенција успеавме да го локализираме да не се префли и на останатите хали, со што спречивме да се прошири на Фабриката за прехранбени производи и маргарин „Мирана“.
На пожарот првично стигнале со 2 возила и 5 пожарникари, но поради силината повикале уште свои колеги или во негово гаснење вкупно се вклучиле 16 пожарникари на ТППЕ Велес со 4 возила, а за дотур на вода добиле помош и од ЈКП „Дервен“. Во гаснење на пожарот биле вклучени и две специјални пренаменети возила на ДЗС.
Пожарот бил обезбедува и од екипа на СВР Велес која направил увид.
Пожарот бил локализиран во 4:00 часот утрово, а целосно бил ликвидиран во 6:30 часот. Пожарникарите од терен во станицата на ТППЕ Велес се вратиле во 7:10 часот.
Според информацијата од СВР Велес, синоќа во 22:20 часот во СВР Велес било пријавено дека во фабрика за прехранбени производи во Велес настанал пожар. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Увидот е во тек, информираат од СВР Велес.