Фото: Пиксабеј

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско.

Како што сопшти МВР, при сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лицето било  приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.