Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Ф.(26) од Скопје, осоомничен за сторени две кривични дела – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и „предизвикување општа опасност“.
– На 5 јули околу 21 часот, за време одржување на ненајавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, А.Ф. заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели“ и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници од Единицата за интервентна полиција, во координација со АНБ, А.Ф. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него и во координација со ОЈО Скопје тој е изнесен пред Јавен обвинител за понатамошна постапка – соопшти Министерството за внатрешни работи.