Фото: Пекселс

Лицето Х.В. (52) од село Канатларци, Прилепскo, бил затекнат при извршување тешка кражба од трансформатор. Битолската полиција го затекнала на улицата  „Филип Втори“, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Кај него биле пронајдени предмети што потекнуваат од други кривични дела, кои, исто така, биле вратени на сопствениците.
Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште 13 кривични дела „тешка кражба“.
По целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
М.М.