Фото: Пекселс

Употреба на пиротехнички средства било пријавено во Полициската канцеларија – Демир Капија.

Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес, синоќа во 21:48 часот во Полициска канцеларија – Демир Капија било пријавено дека во близина на угостителски објект во Демир Капија биле употребени пиротехнички средства.

-По преземени мерки, констатирано е дека пиротехничките средства биле употребени од В.П., на возраст од 32 години од село Тимјаник, неготинско. Подоцна од него биле одземени три испукани огномети. По документирање на настанот, против В.П. ќе биде поднесена соодветна пријава – појаснија од СВР – Велес.