Фото: Пиксабеј

Секторот за внатрешни работи Битола соопшти дека денеска во СВР Битола е пријавено дека во стан во Битола било пронајдено починато лице, без траги на насилство. Станува збор за А.Д. (19) од Битола.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а јавниот обвинител наредил телото да биде дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.