Фото: Пиксабеј

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во вторникот (24 декември) во 11.40 часот на подрачјето на општина Карпош  го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување тешка кражба од куќа.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети и при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин.

– Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената. Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба. Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена – информира МВР.