фото: МВР

Тело на жена во фаза на распаѓање е пронајдено денеска во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река. Жената не е идентификувана, а причините за смртта сѐ уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираат од полицијата и ЈОРСМ.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно ЈОРСМ соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена, а на терен се и полициски службеници и пожарникари, кои попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на Зрновска река.

Починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта сѐ уште не се утврдени.