Тело на машко лице било извадено синоќа од водите на Вардар кај селото Огњанци. Во СВР Скопје во 17.23 часот било пријавено дека во реката е забележано тело на машко лице.
Телото било извадено од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, соопшти МВР.