Во попладневните часови на 9 декември во полиција било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено тешко повредено дете од Скопје.
Во меѓувреме, полициски службеници извршиле разговор со 30-годишниот татко на детето, со иницијали М.Ф.
Тој појаснил дека претходно истиот ден сакал со автомобилот да излезе од својот двор, но додека се враќал наназад, не забележал дека со задното десно тркало го удрил неговиот син.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.