Две групи синоќа се степале на улицата „Волт Дизни“ по претходна вербална расправија околу нарушени меѓусоседски односи.
Како што соопштија од МВР, дошло до меѓусебна пресметка помеѓу А.Н.(33), Ѓ.Б.(43) од една страна, и Р.Џ.(31), Р.Н.(36), од друга страна. Подоцна во 21.30 часот било пријавено дека на истата улица повторно бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка меѓу членови на истите семејства, односно помеѓу Б.Н.(45), Ѓ.Б.(43) и Б.Е.(21), од една страна, и Р.Џ.(31) и Р.Ф.(50), од друга.
Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.