Полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар вчера на улицата „Решад Џафери“ го лишиле од слобода А.С.(46) од Скопје, кој се сомничи дека во неговиот угостителски објект на Бит-пазар со нож му нанел повреди на неговиот син В.С.(22).
Како што информираат од МВР, повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош.
Полициски службеници извршиле увид и ножот бил пронајден и одземен, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, Одделението за семејно насилство – Единица за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.